(ВИДЕО) Атанасов: Ќе го укинеме екстерното тестирање

Од:

„Во образованието работите одамна не се такви какви што треба да бидат. Затоа се потребни големи промени. Во нашиот План за живот, приоритет се учениците.

Ќе го укинеме екстерното тестирање, ќе го намалиме бројот на предмети во пониските нивоа на образование, ќе воведеме систем за професионална ориентација на ученици и ќе го намалиме бројот на деца во паралелка на 25 ученици.

Втор приоритет се наставниците и професорите. Ќе ги укинеме сите казни што се директно поврзани со образовниот процес. Наставниците ќе ги ослободиме од непотребната административна работа и ќе воведеме критериуми за наградување и мотивација со што ќе го вратиме достоинството на наставникот.

Приоритет број три се Универзитетот и студентите. Целосно ќе ја поддржиме автономијата на Универзитетот. Ќе ги поддржиме идеите за негово подемократско управување и сакаме поголемо учество на студентите на нивните матични факултети.

Како принцип на работа ќе го користиме јавниот дијалог. Но, најважно од се, сакаме сојуз со наставниците и професорите. Бараме ваша поддршка за нашиот план за живот, за да го направиме образованието соодветно за времето во кое живееме“, изјави Петар Атанасов, кандидат за пратеник на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија – исто како и неговиот шеф!

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

(ВИДЕО) Борозан: Власта си игра со здравјето на луѓето – водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење