„Денеска сме во Долнени и со граѓаните од Долненеи, разговараме за проблемите којшто ги мачат. Сите кажуваат иста работа дека во овие 10 години заборавиле како изгледа институциите да работат во служба на граѓаните.
Единствено што гледаат пред себе се шалтери којшто се вечно затворени. Службеници во државата којшто не одговараат на потребите на граѓаните и практично администрација која работи само како партиска испостава во полза на партиите, во полза на политичарите, а не во полза на граѓаните.
На 11 декември ќе ставиме крај на ваквото однесување. Институциите ќе ги ставиме во служба на граѓаните. Тоа значи дека граѓаните ќе имаат квалитетно и добро образование кое ќе ги учи нашите деца. Здравство кое ќе не лекува сите и инститиции којшто се знаат дека главни господари се оние којшто ги плаќаат нивните плати, а тоа се сите даночни обврзници, тоа се граѓаните на Република Македонија.
Затоа во образованието започнуваме сериозни реформи ќе го намалиме бројот на предмети со кој непотребно се оптоваруваат нашите деца. Ќе обезбедиме во секое училиште наставниците, прво да бидат посветени на децата и на нивното знаење. Затоа ќе го укинеме екстерното тестирање. Екстерното тестирање созададе само проблеми, создаде само страв од казни кај наставниците и притисок и врз родителите и врз учениците.
Ќе го подигаме квалитетот на образованието, не со казни, туку со поттик и награда на оние којшто добро си ја вршат својата работа. Училиштата и наставниците којшто ќе покажат особени резултати, јавно ќе бидат наградени, јавно ќе бидат пофалени од својата држава и ќе овозможиме сите да се посветат на подобро образование и повеќе знаење кај нашите деца.
На 11 декемрви гласаме за квалитетно образование за сите деца во Македонија.
На 11 декември гласаме за животот да се врати во нашата држава. Живот во Македонија“, изјави Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5.