Запознајте се со „мулињата за пари“ во Индија

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Изненадува одлуката на индиската Влада да ги забрани банкнотите од 500 и 1000 рупии (или со вредност од 7,31 и 14,62 долари) во рамките на кампањата против корупцијата извади од промет 86 проценти од парите во една земја каде првенствено се плаќа во количина. Всушност, некои индиски претприемачи не ја занемаруваат можноста ваквата криза да прерасне во недостиг на кеш.

– Сакате ли да ги направите вашите пари легални, вели млад маж кој ми пријде на влез во банка во Нојда, предградие на индиската престолнина Делхи. „Многу е лесно и можеме транскацијата да ја направиме уште тука, ве интересира ли?“, ме праша тој.

Дваесет и осум годишниот Мукеш Кумар не застанува во долга редица пред вратите на банките. Тој е еден од многуте „мулиња за пари“ во Индија кои нашле начин да печалат од количината на пари кои недостасуваат.

Изненадувачкото соопштение на премиерот Моди зафати голем број на луѓе неподготвени со сега незаконските купишта банкноти, познати во Индија како „црни пари“.

Повеќето стравуваат да ги вложат во банка сите свои заштеди. Причината: изјавата на владата дека парите чие потекло не може да биде докажано, ќе бидат товарени со 200-процентна казнена такса и ќе се истражува од каде се.

Но луѓе како Кумар приѓаат да ви помогнат.

– Владата рече дека нема да бидат отварани прашања ако износото на сметка е помал од 250,000 рупии (или 1,905 долари). Јас би можел да ги вложам вашите „црни пари“ на моја сметка. Ќе ви земам 10 проценти провизија и ќе ви го вратам остатокот по неколку недели, ми вели тој со сериозен тон.

Кумар, кој е по професија градежен работник, не обрнува внимание на луѓето кои го нарекуваат „муле за пари“.

– Може да ме наречете како сакате, важно ми е да заработам малку пари, рече тој.

„Да си најдете човек кој ќе ви чува место во редот“
Долгите редици станаа вообичаена глетка пред банкоматите и банките во Индија, во момент кога луѓето брзаат да повлекуваат пари.

Индијците добија право да разменат малку забранети пари од 24 ноември, со приложување на документ за идентификација. Таа мала сума беше намалена на 17 ноември од 4,500 на 2,000 рупии. Сето над тоа треба да биде внесено на банкарска сметка.

Сретнувам уште работници во Нојда каде има стотици градежни објекти. И сите тие се обидуваат да заработат од оваа ситуација.

Сандип Саху ми рече дека нема проблем да стои во редиците за да размени забранети банкноти за провизија од 200-300 (2,6 до 3,9 долари) рупии.

– Заморно е да висиш по редици од шест до осум часа за друг човек, но сепак е подобро отколку а се растуриш од работа по градбите, објаснува тој.

Саху вели дека „богатите луѓе немаат трпение да висат по редици“ и заради тоа тие „немаат против да ни дадат провизија“.

– Жена ми и синот ја вршат истата работа и заедно заработуваме добри пари, задоволен е тој.

„Изнајмување сметка“

Пред друга банка го сретнувам Пинку Јадав, кој вели дека нашол „клиент кој ќе ја изнајми неговата банкарска сметка“.

– Ќе депонирам 200,000 (1,620 долари) рупии на мојата сметка за неко друг за провизија од 200 проценти, објаснува тој.

Погледнувајќи кон чантата која ја стиска под пазувите, Јадав се доверува дека никогаш во животот не видел толку голема сума пари.

-Ја поддржувам одлуката на премиерот Нарендра Моди. Задоволен сум кога ќе ги видам загрижените лица на богаташите.

Зборовите на Саху веднаш се соочуваат со гласни овации од други луѓе во редот.

Го прашувам дали знае дека тоа што го прави е незаконско.

-Да знам, но не ми е грижа, вели тој. „Владата нема да води истрага против сиромашни луѓе ако мене. Едноставно заработувам некоја рупија, богатите се тие кои треба да се плашат оти нивните пари станаа незаконски“.

Часот е 12,300 о локално време, а редиците не престануваат да растат. Некои луѓе си ручаат од кутијките кои си ги понее со себе.

Правин Гунгх кој работи како менаџер во производство во шивачка фабрика исто чека да внесе 250,000 рупии на својата банкарска сметка.

-Да, тоа не се мои пари. Го правам тоа за шефот. Тој секогаш се однесувал добро кон мене и финансиски ми помагал повеќе пати, вели Сингх.

-Не гледам на тоа како на битка меѓу богатите и сиромашните. Ако има можност секој нека избегне плаќање на даноци. Владата имено треба да го смени тоа и да ги убеди луѓето да си ги плаќаат даноците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати