Порази за Голден Стејт и за Кливленд на домашен терен

Од:

Последните два шампиона во НБА лигата Голден Стејт и Кливленд (актуелен) ноќеска забележаа нови порази.

Голден Стејт е загуби на домашен терен од Хјустон по две продолженија, а најдобар на теренот беше Џејмс Харден (Хјустон) кој имаше „трипл дабл“ – 29 поени, 15 скокови и 13 асистенции. Ова за ланскиот шампион беше прв пораз по серијата од 12 победи.

Кливленд загуби пред своите навивачи од ЛА Клиперс, а најпрецизен беше Џеј Џеј Редик (ЛА Клиперс) со 24 поени. Ова за шампионот е втор пораз во серија.

Резултати на ноќеска одиграните дуели: Голден Стејт – Хјустон 127:132 (по две продолженија), Кливленд – ЛА Клиперс 94:113, Шарлот – Далас 97:87, Бруклин – Милвоки 93:111, Мемфис – Орландо 95:94 и Јута – Мајами 110:111.

Пласман Источна конференција: Кливленд 13-4 (победи-порази), Торонто 12-6, Чикаго 10-7, Шарлот 11-8, Бостон 10-8, Милвоки 9-8, Атланта 10-9,Детроит 10-10,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 16-3, Сан Антонио 15-4, ЛА Клиперс 15-5, Хјустон 12-7, Оклахома Сити 12-8, Мемфис 12-8, Јута 11-9, Портланд 10-10, ЛА Лејкерс 10-10,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on