Заев: Секој кој крадел ќе ги врати парите!

Од:

Ајде моја источна Македонијо!, Ајде Штип! Победа!. Ќе го добиете за десетина дена својот живот. Ќе има живот во Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на митингот на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ вечерва во Штип.

– Ве понижија ваз текстилни работници ве деградираа ве тераа да работите. Ве вадиме од темнината и ве враќаме во животот. Никој не ви дал живот а да го одземе. Државата мора да обезбеди достоен живот за жителите. Државата ќе го стори тоа, рече Заев.

Тој посочи дека глумечката банда на Груевски е време да си оди.

– Да им порачаме на глумачката дружина на Никола Груевски. Заминувате! Вашата претстава заврши! Вашата претстава заврши во Штип и во Македонија! Граѓаните не сакаат претстави , нив кога ги сакаат ги гледаат во театар, рече Заев.

Заев им вети на текстилните работници повисока минимална плата.

– Од април вие текстилните работници како и сите други ќе имате иста минимална плата, ќе биде платен секој прекувремен час, Владата ќе ги помогне фирмите да го остварат тоо -рече Заев.

Заев го претстави економскиот дел од програмата.Подршката кон фирмите, враќањето на ДДВ, бесплатно болничко лекување.

– Ќе има правда. Секој кој крадел ќе ги врати парите, рече Заев.

Заев ги повика да го поддржат планот за живот зашто тој ќе ги врати малдите.

Ме пречека деновиве овде во Штип, тетка Зоре и плачеше дека со парите што ги имаат не можат да купат леб дома. Болна е од рак и не може да плати да се лекува во болница ниту да го плати лекот. И останува само да се моли на бога за живот. Уште колку дамари и судбини како тетка Зоре ќе гледаме во земјава. Уште ли ќе гледаме и молчиме. Не! Го креваме нашиот лгас пенкалото на нашиот живот е во наши раце на 11 декември.Зашто ќе избереме живот во Македонија – рече Заев.

Заев направи споредба со митингот на ВМРО-ДПМНЕ и оној на СДСМ во Штип.

– Ми јавија дека во Битола Груевски, нема ни половина луѓе колку од овде.

Тој појасни зошто вика на митинзите.

– Сабајле мајка ми ми вика не викај толку ќе ти зарипне гласот. Не викам јас душата вика. Зашто гледам дека вика и пишти цела Македоснија. Сите чекаат режим да падне живот да се врати – рече Заев.

Заев се обврза на достапно јавно здравство, вети дека ќе ја изгради болницагта во Штип

– Ќе обезбедиме амбуланти и болници. Во јавното здравство ќе работат стручни лекари. Нема да ни заминуваат лекарите во странство ниту во приватни клиники за да се спасат од притисоци на работни места. Ќе им ги зголемиме двојно платите. Специјалистите ќе примаат 100.000 денари плата. Ќе останат овде да се грижат за здравјето на граѓаните . Нема да барате врски за листа на чекање кај лекарите. Нема да се плашите дека нема да можете да купите лек – рече Заев.

Заев најави реформи во образованието.

Заев најави ги коментираше барањата на Груевски за 63 прагтеници.

– Груевски моли за 63 пратеници, но не за вас туку за даја спаси својата кожа. Излезе на виделина дека УЧК управувала со државата како се употребува албанскиот јазик. Стана јасно зошто зборува за федерализација. Ама ќе има конфискација на имотот на груевски и семејството -рече Заев.

Тој ги повика ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да не се обидуваат да играат на националистички карти и да не се обидуваат да ја дестабилизираат земјата пред изборите.

Би можело да ве интересира

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија