(ВИДЕО) Манчевски: Груби ја закопа лагата на Груевски за федерализација

Од:

„Вчера, Артан Груби ја закопа лагата на Никола Груевски за двојазичност и за федерализација.

Лага која единствено постои во главата на Никола Груевски.

Артан Груби, јасно кажа кој на Никола Груевски му ги раководи институциите.

„УЧК ја води Владата на Република Македонија, УЧК го води Собранието на Република Македонија, УЧК ги води општините во Република Македонија“, рече Груби.

По ваквото признание дека УЧК ги води Владата, Собранието, и општините, Груевски и Ахмети треба веднаш да престанат да сеат меѓуетничка омраза меѓу граѓаните.

Лагите за федерализација се само за предизборни цели како и многу други лаги претходно.

Сакаме јасно да порачаме дека по 11 декември, по промените, Владата и Собранието нема да ги предводат ниту фамилијата на Груевски ниту УЧК.

Државата ќе ја предводат луѓе коишто се грижат за животот на сите граѓани на Македонија, без разлика на нивната етничка припадност“, изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и шеф на изборниот штаб на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар