Кирацовски: Промени за живот во Македонија

Од:

После 11-ти декември ќе создадеме соодветни услови за професионална, услужлива и трудољубива администрација! Вработените во државните институции ќе бидат мотивирани да ја извршуваат својата работа во служба на граѓаните, а не казнувани и уценувани како досега.
Почитувани вработени во државните институции, рече Александар Кирацовски.

Никола Груевски заедно со Антонио Милошоски и Сашо Мијалков имаа 10 години да го подобрат нашиот живот, но тие единствено си го подобрија својот.

Она по што вие ќе ја паметите оваа власт, се заканите и уцените врз вас, за вие да бидете нивни сигурни гласачи и кворум на митинзи, како и заплашувањата дека по смената на власта ќе има отпуштања.

Бидете спокојни, нема да има отпуштања во администрацијата!
Кој ви го говори спротивното, го прави тоа од политички, лични или други причини.
Ве уверувам, завршува времето на реваншизам и делење на народот по партиски списоци. Работното место не смее да зависи и нема да зависи од тоа дали сте член на партија, дали сте се појавиле на митинг.

Ве уверувам дека:

Институциите ќе работат исклучиво во служба на граѓаните!
За секого ќе има можност за работа, никој нема да се чувствува непотребен, да биде вработен на хартија, а да нема столче каде да седне. Градиме држава во којашто сечиј труд ќе биде вреднуван.

Ние имаме План како ќе го направиме тоа:

– Ќе воведеме работно време во две смени до 20 часот во клучните институции, што ќе ви олесни на сите да не излегувате од работа или да земате ден од годишен одмор или боледување, за да завршите административни работи.
-Каде што има превработеност, ќе ги насочиме вработените, според нивната стручност, кон јавните сервиси каде недостига кадар, за подобри услуги на граѓаните;
– Ќе воведеме кариерен модел на напредување во работата, а казните од оценувањето ќе ги укинеме;
-Паралелно со создавањето ефикасна администрација, ќе создаваме услови и за развој на домашните фирми, кои ќе отвораат работни места.
Новите работни места ќе бидат стимулирани со поддршката на бизнис секторот од 140 милиони евра кои заедно со останатите мерки за вработување ќе овозможат просечна плата од 30.000 денари.
Почитувани вработени во јавниот сектор, Изборот е едноставен. Треба да одлучите дали сакате уште 4 години грабеж со Груевски и фамилијата, закани, уцени и притисоци, неправилности и нерегуларности, или сакате промени за живот во Македонија.
Ве повикувам заедно на 11-ти декември да гласаме за промени и да го заокружиме бројот 4, бројот на слободата и животот во Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце – не знае како да се извади што помилуваа нарко босови

А1он

СДСМ: Наградата за животно дело за владиката Петар е скандал без преседан во режија на ДПМНЕ

А1он

СДСМ: Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот наш мандат

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини

ВМРО-ДПМНЕ за Апасиев: Коалициониот партнер на СДСМ и ДУИ го сака Хамас, се поклонува на Енвер Хоџа, молчи за онкологија

А1он

Ковачевски: Опозицијата шири етнички тензии и нѐ враќа во 2001, демократска Влада на СДСМ направи голем исчекор во слободата на медиумите