Могерини: ЕК не предлага создавање на европска армија

Од:

Европската комисија не предлага создавање на европска армија, ниту пак единствена воена команда, изјави на прес-конференција високиот претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини.

– Претставуваме предлог што ќе помогне на НАТО и ќе ја направи организацијата посилна, додаде таа.

– Една од целите ни е зајакнување на соработката со НАТО, појасни Могерини.

– Велика Британија и останатите земји во ЕУ едногласно го одобрија овој заеднички европски план, посочи високиот претставник на ЕУ.

Могерини го прецизираше ова откако претходно денеска ЕК предложи создавање европски фонд за одбрана.

Како што соопшти БТА, тој фонд предвидува заедничка соработка за нови одбранбени технологии и опрема од стратешко значење.

Комисијата предложи 25 милиони евра за истражувања во областа на одбраната во буџетот на ЕУ за следната година и очекува доставените средства да достигнат вкупно 90 милиони евра до 2020 година.

По 2020 година ЕК планира да предложи адаптирана програма за научни истражувања во областа на одбраната со буџет од околу 500 милиони евра годишно.

Предлогот на ЕК предвидува државите од ЕУ да купуваат одредени системи заедно, за да ги намалат одбранбените трошоци.

Државите заедно можат да купуваат дронови или хеликоптери на големо за да добијат пониска цена. Предвидено е буџетот во таа насока да биде околу пет милијарди евра годишно.

Предлогот ќе биде разгледан на седницата на Европскиот совет на 15 и 16 декември.

ЕК нагласи дека изминатите децении државите од ЕУ ги намалиле трошоците за одбраната за околу 12 отсто.

Според пресметките на ЕК недостигот од соработка меѓу земјите од ЕУ во областа на одбраната и безбедноста чини меѓу 25 милијарди и сто милијарди евра годишно.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он