Дел од Ѓорче Петров и неколку скопски села утре без струја

Од:

Корисниците од селото Катланово, Мотел Катланово, Младинска населба, селата Летевци и Катлановска Брезница и тунелот Катланово утре од 8:45 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 15 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Кондово, од 9 до 15 часот,  дел од корисниците од селата Бунарџик и Ново Село, а од 11 до 13 часот корисниците од бул. „Македонска Војска“ број 36, 38 и 40 во општина Ѓорче Петров.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро-мрежата од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство