Жорж Сабра: Поразот во Алепо нема да значи крај за борбата

Од:

 Поразот на сириските бунтовници во Алепо, нема да значи крај на нивната борба против режимот на претседателот Башар ал Асад, изјави за Би-Би-Си, високиот функционер на сириската опозиција, Жорж Сабра. 

Според него, војничкиот пораз на бунтовниците, само ќе ги направи уште потешки надежите за мирно решавање на конфликтот во Сирија.

Сириските владини сили, поддржани од силните воздушни напади на авијацијата, веќе освоија една третина од источниот дел на Алепо, што четири години беше под целосна контрола бунтовниците.

Сабра, кој е главниот преговарач на Високиот комитет за преговори за Сирија, во изјава за Би-Би-Си вели дека „револуцијата тука нема да заврши“.

Тој оценува дека со воената кампања што ја започнала сириската армија, а не бунтовничките сили, е „убиен дел од политичкиот процес“ во Сирија.

– Во вакви околности, никој не верува во мирно решение, тврди Сабра.

Руското Министерство за одбрана, соопшти во меѓувреме, дека бунтовниците загубиле 12 области во источниот дел на Алепо или 40 отсто од територијата што досега ја контролираа.

Бунтовничките сили во кои доминираат разни исламистички групации, го зазедоа источниот дел на Алепо во септември 2012 година.

Владините сили почнаа да бележат напредок на фронтот, откако во септември минатата година, Русија активно се вклучи во оперрациите на силите лојални на претседателот Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

Израел ги гранатираше сириските аеродроми во Дамаск и Алепо

ВИДЕО: Израел повторно го нападна аеродромот во Алепо

ВИДЕО: Израел ги нападна аеродромите во Сирија

Сириската армија воспостави контрола врз северозападниот дел на провинцијата Алепо

А1он

Ватикан: Папата испратил 100.000 евра за сиромасите во Алепо

Наум Локоски

Се слави на улиците на Алепо, откако армијата прогласи целосно ослободување на градот