СКСЗМ ја презентира Економската платформа пред Алијансата за Албанците

Од:

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) денеска ја презентираше својата Економска платформа пред претставници на Алијансата за Албанците.

Како што изјави претседателот на Комората Неби Хоџа, на консултативниот состанок кој е дел од серијата предвидени со сите политички партии – учесници на претстојните парламентарни избори, беа предочени предлозите на бизнисмените за развој на македонската економија.

Транспарентност и отчетност, откажување од митот „ефтина работна сила“, раст на БДП преку четири отсто во следните четири години, намалување на стапката на невработеност и на нееднаквиот регионален економски развој, се клучните барања содржани во Платформата на СКСЗМ.

– Бараме од сите политички партии, особено од идната влада, да ги имплементира нашите предлози и со тоа заедно да придонесеме за креирање политичка платформа која ќе овозможи побрзо и подинамично решавање на предизвиците, истакна Хоџа.

Претседателот на Движењето за реформи на ДПА Зијадин Села нагласи дека Алијансата се залага за целосна рамноправност на Македонците и Албанците, и политичка и економска.

– Целта на нашата заложба за рамноправност меѓу двете заедници е подобар живот во Македонија и стабилност, а тоа не е можно без добра економија, потенцира Села.

Алијансата, додаде, се залага и за рамноправен регионален развој, за делење на буџетот по локални критериуми, за еднаков развој на општините.

СКСЗМ минатата недела ја претстави Економската платформа пред СДСМ.

Би можело да ве интересира

СКСЗМ апелира надлежните институции да преземат мерки и активности за подобрување на безбедносната состојба во земјава

Ана Ололовска

СКСЗМ: Граѓаните да се известат најмалку 48 часови пред одлуките за ограничување на движењето да стапат во сила

Ана Ололовска

Заев и Пендаровски на ифтарска вечера на Стопанската комора на северозападна Македонија

Ана Ололовска

Работна средба на СКСЗМ со премиерот и министрите за земјоделство и за образование

СКСЗМ бара во пописот да има етничко изјаснување

Ана Ололовска

Министерот Фазлиу се сретна со претседателот на СКСЗМ Неби Хоџa

Ана Ололовска