Сообраќајот се одвива без забрани, по влажни коловози

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по влажни коловози.

АМСМ препорачува посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде можна е појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Во утринските часови има појава на магла низ клисурите и долж речните текови.

Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Ги потсетуваме сите возачи дека од 15.11.2012 година стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15.03.2013.

АМСМ УСЛУГИ – Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска