Американскиот заменик државен секретар Филип Рикер изјави дека американската политика кон Босна и Херцеговина и балканот нема да се промени.
Рикер за агенцијата Сенс, изјави дека американската државна секретарка Хилари Клинтон цврсто стои зад позицијата на Високиот претставник во Босна и Херцеговина, како и градењето на заеднички институции, како што се вооружените сили.
– Реториката, која се залага за укинување на вооружените сили на Босна и Херцеговина е неодговорна, неа ја водат лични интереси – рече Рикер.
За барањата за создавање на трет ентитет, Рикер рече дека тоа е последното нешто што му е потребен на БиХ.