Кошаркарите на Работнички ја постигнаа втората победа во Првата кошаркарска лига откако синоќа на гостувањето ја совладаа Струмица. Во дербито на 2. коло Куманово го совлада Кожув, додека Фени Индустри ја потврди фаворитската улога против Охрид.
Резултати од 2. коло: Струмица – Работнички 68:85, Куманово – Кожув 89:86 и Фени Индустри – Охрид 100:64.
Последниот натпревар од 2. коло се игра денеска, а во СРЦ „Кале“ Вардар е домаќин на Пелситер. Почетокот на дуелот е во 14 часот.