(ВИДЕО) Пендаровски: Слушајте што ви кажувам, опозицијата ќе освои двојно повеќе мандати во првата изборна единица

Од:

Носителот на листата во изборната единица 1, од Коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендаровски на митингот во Карпош рече дека последниве денови се чувствува заборавен и напуштен-пред едена недела Груевски избегал од изборната единца 1, а Никола Поповски пред три дена му избегал од студио.

“Чест ми е што го водам најдобриот тим кој опозиционата коалиција можеше да го состави. Тоа е листата на кандидати, луѓе со респект, кои имаат приватен, професионален и политички интегритет. Со нив ќе ја направиме најголемата разлика во историјата на парламентарна Македонија. Листата на приоритети на новата влада на СДСМ е долга, но прва е темелна реконструкција на институциите. Прво, ќе има генерален реизбор на сите обвинители и судии зошто сегашното судство е срам за Република Македонија. Исто, ќе го продолжиме мандатот на СЈО и ќе поставиме специјални судски инстанци се до Врховниот суд, судии со интегритет, знаење, професионалци, кои нема да примаат нарачки за долгогодишни робии како што е до сега“, рече Пендаровски.

Тој кажа дека ќе има нулта толеранција за криминалот и корупцијата во новата влада на СДСМ.

„Тоа значи сите ќе мора прво да одговараат, а по 11 декември СДСМ нема да толерира криминал и корупција во своите редови. Кој и да е , нема да помине неказнето само затоа што е припадник на некое семејство, сите ќе одговараат, зошто ние не сме исти како овие мафијаши.

Лично ми е чест, што на сите листи има мултиетничост, ако сакаме да ја задржиме државата мора да се заедно. Ако не сме заедно, тие ќе не потопат целосно, ништо нема да остане од Македонија“, рече Пендаровски.

Последниве денови, рече, чув коментари па дури и критики од режимот дека прогнозите кои ги правел не биле точни, дека прогнозирал победа и на претседателските избори.

„Вие знаете дека Пендаровски не згреши и во 2014 година, тие ги украдоа изборите, затоа слушајте што ви кажувам- во првата изборна единица, СДСМ и опозицијата ќе победи со двојно повеќе мандати и широко ќе ги отвори вратите за победа на опозицијата во цела Македонија. Ова ќе бидат најважните избори во Македонија, политичката важност е идентична со референдумот од 8 септември, 1991 година, на 11 декември ќе гласаме во огоромен број да си ја сочуваме државата. Да гласаме за бројот 4 во сите изборни единици, и да ја прогласиме четвртата Република-Слободна Република Македонија“, рече Пендаровски на митингот во Карпош.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ВИДЕО) Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Македонија е катастрофа за иднината на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ наместо да се грижела за граѓаните и државата, само крадела од народните пари

Кузеска: Конфликтите во Владата ја потврдуваат нејзината неспособност