Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски и првите луѓе на листата на Либералната партија, Кире Бузлиев (носител) и Анкица Трпковска остварија средба со вработените и менаџментот на фабриката „Ажур“ во скопската општина Ѓорче Петров.
„Прво, да ви се заблагодарам и вам и на сопственикот што може да се сретнеме. Целта ни беше да дојдеме и наместо да собираме луѓе по митинзи – да видиме на лице место и каде и што работат луѓето и да разговараме со нив. А потоа, нормално, да разговараме и со сопствениците, за да чуеме што се проблемите на бизнисот“, рече Величковски.
Кире Бузлиев, носител на листата и Анкица Трпковска, веднаш по него на листата, да „штити грб“ – се пошегува Величковски – се кандидати во оваа изборна единица и сакаат да ви презентираат неколку ставови, а потоа и јас ќе ви кажам како можеме да помогнеме да се развиваат бизнисите во Македонија.
„Вие плата не добивате од администрација, вие плата не добивате од неработење – напротив, платата се добива со работење во бизнисот, во производство, во услужни дејности. Наша задача е да чуеме што е потребно бизнисите уште подобро да одат, што е она што државата треба да го гарантира, да го овозможи (услови за работа, антимонополски мерки) и што е она што државата и политиката да се тргне од бизнисот.
Како да не спречуваме поголем профит, оти поголемиот профит на фирмата значи поголем профит за вработените. Тоа ни е целта – вашите пари да си бидат ваши, да си живеете од профитот и да си го употребувате онака како што сакате“, рече Величковски.
„Се знае што најмногу не интересира – да плаќате помалку казни и помалку давачки за државата. Веднаш по формирањето на новата влада, најавуваме укинување на радио-дифузната такса, бидејќи е државна радио-телевизијата, да си се финансира од буџетот на РМ. Вака, се финансира и од буџетот и ни земаат радио-дифузна такса.
Второ, зголемување на породилното отсуство на 18 месеци. Трето, драстично намалување на сите казни, и за фирмите и за лицата и, да има превентивни мерки и укажување. Четврта работа – укинување на екстерното тестирање. „Не може тие што ги донеле законите да не одат на екстерно тестирање“, илустрираше Бузлиев.