Руските безбедносни сили денеска започнаа антитерористичка операција во три области на руската Република Дагестан, во потрагата по екстремисти, изјави за ТАСС портпаролот на Опертивниот штаб на Националниот антитерористички комитет на Русија.
– Антитерористичката операција започна во 18 часот по московско време (16 часот по средноевропско време) во некои делови на областите Касавјурт, Кизиљурт и Казбек. Во тек е операцијата за лоцирање на екстремистите, наведе портпаролот.