Историјата ќе суди какаво беше влијанието на оваа необична личност врз Куба и врз светот, изјави денеска американскиот претседател Барак Обама по повод смртта на поранешниот кубански лидер Фидел Кастро.
Обама во изјавата наведе дека во овие „тешки мигови САД му подаваат пријателска рака на кубанскиот народ“.
– Сега Кубанците ќе се потестуваат на минатото, но и ќе гледаат кон иднината. Кога ќе го прават тоа, треба да се присетат дека во лицето на САД имаат свој партнер и пријател, додаде Обама во реакцијата.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во своја страна изрази надеж дека смртта на Кастро, кого го нарече „еден брутален диктатор, кој речиси шест децении го потчинуваше својот народ“, ќе значи нов почеток за Куба.
Тој истакна дека во текот на неговиот мандат ќе стори се што е во негова моќ за „да придонесе за слободата на кубанскиот народ“, нагласувајќи дека Куба и натаму е „тоталитарна“ држава, во која продолжува „наследството на Кастро од егзекуции, кражби, страдања, сиромаштија и непочитување на основните човекови права“.
– Јас и мојата администрација со сите сили ќе се потрудиме кубанскиот народ конечно да го започне својот пат кон просперитет и слобода, изјави Обама по повод смртта на Фидел Кастро.
Претходно, во својата прва реакција на веста за смртта на поранешниот кубански лидер, Трамп на Твитер објави само: „Фидел Кастро е мртов“.
Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Пол Рајан оцени дека и по смртта на Фидел Кастро „останува уште многу работа за да се обезбеди слобода на кубанскиот народ“, на што САД мора да бидат целосно посветени.
– Со смртта на Фидел Кастро, треба да умрат и суровоста и угнетувачкиот карактер на неговиот режим. Денеска треба да размислиме за сеќавањето и за жртвите што ги поднесоа сите оние кои страдаа под режимот на Кастро, изјави Рајан.