Харадинај влегува во Владата на Тачи

Од:

Првите луѓе на Демократската партија на Косово и Алијасата за иднината на Косово постигнаа договор за владино партнество, јави дописникот на МИА.

Извори на весникот „Експрес“ потврдија дека разговорите кои почнале пред една недела биле конкретизирани по враќањето на Рамуш Харадинај во Приштина.

– Во рок од десет дена ќе биде финализираната коалицијата на Демократската партија на актуелниот премиер Хашим Тачи и Алијасата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај. Партијата на Харадинај ќе добие значајни функции во Владата, изјави анонимен извор близок на двајцата лидери.

Тој сепак не изнесе детали како ќе бидат поделени министерските места и посебно за тоа кој ќе биде премиер, Тачи или Харадинај.

– Согласност за коалицирање во владата е постигната, а за другите нешта ќе се постигне согласност следните денови, изјави истиот извор.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина