Проект за откривање нови туристички маршрути меѓу Македонија и Бугарија

Од:

Невладини организации од пограничниот регион на Македонија и Бугарија ќе трагаат по нови туристички маршрути во Источна Македонија и Благоевградскиот регион во рамките на проектот „Одржлив развој на туризмот – средство за прекугранична кохезија и напредок“ поддржан со средства од ИПА програмата.

На денешната прес-конференција беа промовирани планираните активности, целни групи и очекуваните резултати од проектот.

Ана-Марија Теохарова, координатор на проектот од НВО Лешки од Берово потенцираше дека со реализација на овој проект ќе се соберат, систематизираат и ажурираат информациите за расположливите маршрути во Благоевградскиот и Источниот регион.

– Создадената база на податоци ќе содржи унифицирани информации за сите туристички  патеки кои ги има во регионот со GPS мапирање, кое ќе биде поставено на Google Map со маркери и опции за визуелизација на текстуални, фото и видеоинформации. Но, она што ни е целта е да ги истражиме оние места кои не се толку познати, а кои заслужуваат внимание, со цел да го извадиме максмимумот од нив, да ги насочиме сите кои ни се таргет да работат на промоција на регионот, рече Теохарова.

Јанислава Вангелова од НВО Фокус Бугарија посочи дека ќе се направат две нови туристички маршрути, една во Источна Македонија, а другата во Благоевградскиот регион, а овој проект води до зајакнување на економската моќ на регионот.

– На оваа онлајн-платформа ќе се најдат сите туристички маршрути кои постојат до сега на сите 25 области кои се во Благовеград и во Источна Македонија. Тие маршрути ќе бидат достапни од сите заинтересирани кои сакаат да го посетат регионот и тоа преку таблети, телефони, компјутери, односно преку еден наједноставен начин да стигне информацијата до сите кои сакаат да поминат еден пријатен одмор во овој регион, истакна Вангелова.

Проектот ќе се спроведува 15 месеци, а со него ќе бидат опфатени и општините, туристичките работници, невладиниот сектор, а ќе се обучат и 25 лица како водичи и туристички аниматори. Вкупната вредност на проектот е околу 120 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ