Македонија на интернационалниот саем за селски туризам во Крагуевац

Од:

Во период кога селскиот, бањскиот, здравствениот и рекреативниот туризам е се поактуелен за луѓето од високоразвиените земји поради конзумирањето природна храна, чист воздух, запознавањето со културното наследство и традицијата, Македонија е одлично позиционирана на мапата за алтернативни типови туризам.

Ова го истакнува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија која го организира учеството на Македонија на интернационалниот саем за селски туризам во Крагуевац, Србија, меѓу останатите излагачи од регионот.

Саемот се одржува осма година и во наредните три дена на посетителите ќе им овозможи одблиску да се запознаат со природните убавини на руралните, селски подрачја во земјите од Балканот, како и да дегустираат традиционална храна и вино.

– Идејата да се учествува на овој саем е да се доближи понудата за нашиот селски туризам до српските граѓани, да им се овозможат информации за полесен пристап до сместувачките капацитети во земјава, информира Агенцијата.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ