Кошаркарските прволигаши денеска ќе одиграат три натпревари од второто коло од Првата лига. Во Струмица истоимената екипа го пречекува повеќекратниот шампион Работнички, а натпреварот почнува во 18:30 часот. Двете екипи во првото коло остварија победи. Триесет минути порано во Кавадарци е стартот на дуелот меѓу Фени Индустри и Охрид.
Дербито на колото го играат Куманово и Кожув, а почетокот на натпреварот е во 19 часот.
Последниот натпревар од колото се игра утре од 14 часот, во СРЦ „Кале“ Вардар е домаќин на Пелистер.