Мисајловски: Автопатот Демир Капија – Смоквица готов до средината на следната година

Од:

Автопатот Демир Капија – Смоквица е во завршна фаза. Завршени се околу 90 проценти од работите на делницата долга 28 километри за која се инвестирани околу 127 милиони евра.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој денеска заедно со градоначалниците на Валандово и Гевгелија изврши увид во градежните работи, очекува автотатот да биде готов до средината на следната година.

– Инвестициите во изградба на капиталните проекти се наш најголем приоритет. Тоа го докажавме во изминатите години, го докажуваме и сега. Само на Коридор 10 инвестираме над 230 милиони евра за подобрување на сообраќајот. Покрај овој автопат, моментално го реконструираме и од Смоквица до Гевгелија кој исто така е во завршна фаза. Во исто време се реконструира и автопатот од Куманово кон Скопје. До крај на годината ќе потпишеме и договор за реконструкција на автопатот од Скопје кон Куманово и од почетокот на следната година да започнеме со градежните работи. Следната година ќе започнеме и со реконструкција и на делот од Велес до Градско. Веќе се започнати подготвителни работи за реконструкција на 8 км на делницата од Демир Капија до Неготино, набрзо и тука ќе започнеме со градежните работи, изјави министерот Мисајловски.

Тој најави дека во следниот период ќе се продолжи и изградбата и реконструкцијата на над 60 регионални и магистрални патишта меѓу кои и изградбата на шест нови експресни патишта, за што ќе бидат инвестирани над 530 милиони евра.

Мисајловски потенцира дека во соработка со општините, преку Министертвото за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни птишта ќе се реконструираат над 200 локални патишта за што ќе бидат одвоени 30 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози