Царината и Државниот инспекторат за земјоделство ја интензивираат соработката

Од:

Царинската управа и Државниот инспекторат за земјоделство ја интензивираат соработката за ефикасно и координирано дејствување во делот на контролата на земјоделските производи.

Ова, како што соопштува Царинската управа, е регулирано со денеска потпишаниот Меморандум за соработка.

Со Меморадумот меѓу другото, се пропишува размена на информации во насока на непречено, редовно и безбедно одвивање на контролата на земјоделските производи и други објекти и предмети, производи за заштита на растенијата, ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, семе и саден материјал за земјоделски растенија.

Активностите на заемна помош врз основа на потпишаниот Меморандум ќе бидат конкретизирани преку следење, усогласување, оптимизација на процесите и изнаоѓање на решенија за евентуално пројавените проблеми.

Би можело да ве интересира

Златен накит вреден 1,1 милиони денари е запленет на „Богородица“

(ВИДЕО) Цариниците запленија златен накит вреден 1,5 милиони денари

Горан Наумовски

Цариниците најдоа злато скриено во чорапи на српско-црногорската граница

А1он

Фајненшл тајмс: Администрацијата на Трамп ќе воведе 100% царини за одредени лекови

Царина: Oткриени 580 парчиња куршуми во автобус, двајца осомничени лишени од слобода

А1он

ВИДЕО: На Дојран фатен Србин, возач на камион со 5.050 штеки цигари