Шилегов: На 11 декември ставаме крај на ненародното владеење на Груевски

Од:

Денеска сме во Гостивар, да поразговараме со гостиварчани за проблемите што ги тиштат, за најголемите проблеми што ја тиштат и Македонија не само Гостивар и гостиварско. Тоа се невработеноста на младите и иселувањето на нашите млади сограѓани кој што за жал во вакви услови и со ваква власт не можат да ја видат својата иднина во Македонија, рече Петре Шилегов носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во И.Е 6.

Ги започнавме нашите средби со најсензитивната јас би рекол и најманипулираната категорија на граѓани тоа се пензионерите,кој што упорно се лажат дека тоа е нешто што законски им следи тоа се всушност зголемувањето на пензиите тоа всушност станува збор противзаконски и владата тука нема избор. Секоја година мора да ги зголемува пензиите, меѓутоа и за стандардот на пензионерите и она што јас го разговарав со овие луѓе е како од статус на издржатели во нивните, на нивните семејства, што ги издржуваат семејствата со сопствените пензии, условно речено да станат издржувани лица, бидејќи нашата цел, нашата идеа е да ги вработиме младите, младите да останат тука во нашата држава.

Општина Гостивар, сведоци сте граѓаните дека ВМРО ДПМНЕ, досега на неколку пати има ветувано разно разни работи, го гледам носителот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорчев доаѓа и пак зборува за гасификација трет или четврт пат веќе. За решавање на сообраќајните проблеми кои што ги знаете гостиварски какви се, трет или четврт пат веќе. Зборува за некакви си проекти, трет или четврт пат веќе, ние викаме 10 години владеење на ВМРО ДПМНЕ беа сосема доста, сосема доволни.

Гостивар е пример за заедништво на граѓаните и ги повикуваме сите граѓани заедно, заеднички на 11 Декември, заокружувајќи го бројот четири на листата на Социодемократскиот сојуз.

Да ставиме крај на ова разбојничко, криминално, недомаќинско, ненародно владеење на Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар