А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Митрески: Претседателот на ССМ не е сменет

by А1он24/11/2016 - 16:08160
Share0

Претседателот на ССМ Живко Митрески денеска на прес-конференција рече дека лицата кои се обиделе да го сменат на нелегитимен начин нема да се отргнат од одговорноста и од кривичните санкции што ги очекуваат.

Добивај вести на вибер

– Не ќе може да се отргнат од фактот дека наводниот претседавач потпишал обичен лист хартија и фалсификувал исправа, а во содејство со четворицата грански опозициски настроени претседатели злоупотребувајќи ја својата функција, техничката министерка потпишала решение со обид да го промени легитимно избраниот претседател и раководство на ССМ, рече Митрески. 

Според него, министерката Ременски била свесна дека се работи за фалсификувана документација која не е потпишана од соодветно лице и оти за свикување седница на Советот на ССМ потребно е претходно да се реализира постапка пред органите и телата на гранските синдикати.

– Ваква иницијатива не постои, воопшто нема седница на Претседателството на ССМ, ниту пак 13 грански синдикати знаеле за овој обид преку фалсификување на документи да дојде до смена на Претседателот на ССМ и раководството на ССМ, рече Митрески, посочувајќи дека на прес-конференцијата на која го објавил овој случај биле присутни претседателите на 13-те гранкови синдикати од кои било потенцирано дека не е водена никаква постапка, ниту иницијатива за отповикување.

Оттука, според Митрески, ноторна лага е изјавата на в.д. претседателот на ССМ дека Советот бил свикан со присуство на членови на Советот од други синдикати.

– За овој историски скандал по поведената постапка пред Јавен обвинител поднесена е Кривична пријава против техничката Министерка Ременски и други лица. Јавното обвинителство ја стопира постапката за уписот и промената на раководството и Претседателот на ССМ поради очигледен фалсификат и покрена соодветна кривична постапка, рече Митрески.

Тој додаде дека за овој случај добил поддршка од репрезентативните синдикати и централи од подрачјето на поранешна Југославија, како и од светкото и европското синдикално движење кои упатиле остра осуда за случајот. За ова, како што велат од ССМ, остварени се и средби со претставници од Европската унија.

ssm

Би можело да ве интересира

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

Горан Наумовски06/03/2026 - 14:58

Трендафилов демонстративно ја напушти седницата на ЕСС

Горан Наумовски02/03/2026 - 14:1302/03/2026 - 14:16

Синдикатите ја блокираа Владата, ќе чекаат до крај на месецов на договор за платите потоа ќе одат на генерален штајк

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:1717/02/2026 - 13:51

Синдикатите денеска ја блокираат Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 08:04

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:3416/02/2026 - 16:14

Работниците двојно повеќе продуктивни отколку што се платени

А1он14/02/2026 - 11:4514/02/2026 - 11:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен