Студентскиот пленум алармира дека две непознати лица формирале здруженија го злоупотребиле името на иницијативата и формирале две здруженија. Едното е регистрирано како Здружение Студентски Пленум, додека другото е Здружение за заштита и одбрана на студентските права – Студентски Пленум – Скопје.
„Како претседател се јавува истото лице со различни потписи на двете здруженија. Како што напоменавме пред некој ден, ние се оградуваме од ова, бидејќи ставот е дека Студентскиот Пленум е иницијатива, движење, кое од наша страна не е регистрирано и никогаш немаше намера да се регистрира. Ова е злоупотреба и манипулација од страна на овие лица“, велат од Пленумот.