Арифи се сретна со францускиот колега Казнев

Од:

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжена за европски прашања Теута Арифи денеска за време на работната посета на Франција оствари средба со францускиот министер за европски прашања, Бернард Казнев.

За време  на средбата Арифи го информираше Казнев за напредокот кој е постигнат во реализацијата на реформскиот процес во Македонија пред се во областите опфатени со Пристапниот дијалог на високо ниво.

Двајцата соговорници разговарале и за последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, при што Арифи истакнала дека Владата на Република Македонија подготви Акциски план во кој се адресираат препораките на Комисијата во петте клучни области.

Министерот Казнев нагласил дека треба да се задржи позитивниот моментум во имплементацијата на реформите од европската агенда кој се воспостави со Пристапниот дијалог, посочувајќи дека Франција ја поддржува европската интеграција на Македонија.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски