Владата на Косово го осуди објавувањето на прислушувани телефонски разговори на Youtube

Од:

Косовската Влада го осуди објавувањето на прислушувани телефонски разговори, снимени од инспекторите на ЕУ со гласови на премиерот и други високи личности.

Мисијата ЕУЛЕКС соопшти дека аудио снимките се дел од судски процес и се предадени на адвокати од одбраната и Окружниот суд во Приштина. ЕУЛЕКС не прецизира за какво дело станува збор и кој е вклучен во него, јави БТА.

Според политички извори има истрага за корупција на високи политички функционери. Меѓународен полициски претставник изјави дека снимките се дел од истрага за корупција во министерството за транспорт.

Аудио снимките се појавија на сервисот „Youtube“ во четвртокот, што мисијата на ЕУ во Косово ЕУЛЕКС го оцени како сериозни кршење на довербата.

Косовската Влада предводена од премиерот Хашим Тачи, го осуди објавувањето како „скандалозно“, а прислушувањето на телефони како „илегално“. Овие дејствија се директни напори на локалните и меѓународните механизми да ги „саботираат“ лидерите на косовските институции и нормалното функционирање на нашата држава, се наведува во соопштението на косовската Влада.

Минатата недела поранешниот командант на Ослободителната армија на Косово и поранешен миснитер за транспорт и комуникации Фатмир Лимај беше уапсен во врска со обновување на процесот за воени злосторства. Пред повторно да ги подигне обвиненијата, ЕУЛЕКС го обивини Лимај и шестмина негови соработници за перење пари и местење трговски договори преку поткуп меѓу 2008 и 2012 година.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина