Вкупно 1.327 тони квалитетен тутун главно од сортата „прилеп“, а во помал дел и од сортите „јака“ и „пасман“, се очекува да бидат откупени во Велешко.
Преземање на количините вршат „Соко Таб“, „Алијанса“ од Кавадарци и „Центро Табак“, на шест пункта: во селата Иванковци, Бузалково, Горно Оризари, Чашка, Градско и Лозово, кои се најголеми производители.
– Тутунот годинава е со добар квалитет. Склучени се договори со 1.387 земјоделци за производство на 684 хектари, информира Вили Бочваров од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Лани биле склучени помалку договори, 1.035. На поголема површина, 720 хектари, биле произведени нешто помалку или 1.309 тони на тутун.