Членот на АБА лигата, хрватскиот кошаркарски клуб Задар се соочува со најтешките моменти од своето постоење. Клубот од вчера е без тренер откако Анте Матуловиќ го напушти тимот, додека играчите почнаа штрајк поради неисполнети обврски кон нив.
– Ние се уште ги чекаме нашите плати и нема да тренираме се додека не го добиеме заработеното. На некои играчи им должат уште од минатата сезона. Оваа сезона некој доби нешто, некој не. Минатата недела ни ветија дека на почетокот на оваа недела ќе го добиеме нашите плати, но тоа не се исполни, се огласија некои од играчите на Задар.
Клубот в петок го очекува дуелот со Цибона, но не се знае дали оваа средба ќе биде одиграна.