Регионална конференција „ИКТ во агробизнисот“

Од:

Како фармерите и агрокомпаниите да ги стават технологиите во фунција на поголема конкурентност и профитабилност, е едно од прашањата на кои треба да одговори конференцијата што денеска и утре во Скопје ја организира Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ).

Целта на конференцијата „ИКТ во агробизнисот“, е да се зближат двете индустрии за подобро да ги разберат своите потреби и барања.

Според МАСИТ, иницирањето дијалог меѓу ИКТ и агробизнис заедниците е голем предизвик. Затоа, ќе бидат покренати прашањата како двете индустрии да соработуваат повеќе и како да постигнат максимален бенефит од остварената соработка.

Една од клучните теми ќе биде и како ИКТ може да им помогне на земјоделците да го развијат својот бизнис.

На конференцијата се предвидени Б2Б состаноци, презентации на експерти од ИКТ и агросекторот, споредба меѓу светските и домашните трендови, како и панел дискусија на тема „Простор за решавање на јазот помеѓу ИКТ и агробизнисот“.

Се очекува присуство на околу 200 учесници, претставници од ИКТ и агрокомпании,  финансиски сектор, државни институции, донаторски организации, како и експерти од областа на ИКТ и агробизнисот

На отворањето на конференцијата е најавено обраќање на министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска.

Конференцијата се организира во соработка со АгФутура Технологии и ПроКредит Банка.

Би можело да ве интересира

Лога го разреши претседателот на Советот на ИКT, судијата Лазар Нанев

A1on

ИКТ комора на Македонија: Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес

Ана Ололовска

МАСИТ: ИКТ секторот најбрзорастечки, да се работи на создавање кадар за потребите на индустријата

Ана Ололовска

„TechPack“ – бесплатни софтверски решенија за дигитализација на компаниите погодени од кризата

Ана Ололовска

ИКТ Комора: Дигитализацијата веќе не е опција, туку потреба за компаниите

Ана Ололовска

ИКТ и услужните фирми бараат автентично толкување на дел од Законот за ДДВ

Наум Локоски