Победа за Куманово, пораз на Кожув во БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Куманово ја продолжија победничката серија во БИБЛ лигата откако вечерва во Тиват го совладаа Теодо со 73:65. Кумановчани победата ја обезбедија откако по 30 минути игра имаа водство од 57:40.

Најефикасен на дуелот беше играчот на Теодо Радомир Маројевиќ со 22 поена, додека кај Куманово најпрецизен беше Миладин пековиќ со 17 поени.

Комплетната стартна петорка на Куманово имаше двоцифрен број поени.

Екипата на Кожув од Гевгелија вечерва загуби од Башкими со 69:66 за кого ова беше прва победа. Најефикасен на дуелот беше Ерик Палм со 27 поени од Башикими, а кај Кожув Кенион Мек Нил постигна 22 и беше најпрецизен.

Утре се играат натпреварите од Б групата: Сутјеска – Карпош Соколи и Трепча – Тирана.

Табела А група: Куманово 10 бодови, Берое 8, Теодо 8, Кожув 6, Башикими 6, Приштина 1.

Табела Б група: Фени Индустри 8, Сутјеска 7, Трепча 6, Карпош Соколи 5, Тирана 5, Пеќ 2.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос