Американскиот Стејт департмент издаде предупредување до американските државјани на зголемената опасност од терористички напади во Европа, особено во периодот на Божиќните празници, пренесуваат британските медиуми.
„Американските граѓани треба да покажат внимателност на празничните настани и на пазарите на отворено“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
„Доверлива информација покажува дека Исламска држава, Ал Каеда и нивните ќелии и натаму планираат напади во Европа“, се наведува во предупредувањето.