А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ ќе расправаат за Македонија дури в среда

by А1он30/11/2012 - 10:03159
Share0

Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија дури за в среда го одложија заклучокот во врска со препораката на Европската комисија за почеток на пристапните преговори за членство на Република Македонија во рамки на декемврискито Самит на Европскиот совет.

Добивај вести на вибер

Во разговор со дописникот на МИА од Брисел, Никос Христодулидис, портпарол на Кипарското претседателство со Унијата, истакна дека Корепер 2 групата синоќа не разговарала во врска со заклучокот за Македонија, а иако и денеска продолжуваат со работа, точката поврзана со одредување на датум за почетокот на преговорите со нашата земја е одложена дури за идната недела.

– Амбасадарите на земјите-членки во рамки на Корепер 2 групата ќе се сретнат и денеска во зградата ан Европскиот совет во Брисел, но во среда (5 декември) ќе разговараат во врска со извештајот за Поранешната југословенска Република Македонија, ни изјави портпаролот Христодулидис.

Одложувањето на одлуката за Македонија е јасен сигнал дека во ЕУ нема консензус на пониско дипломатско ниво за прифаќање или одбивање на четвртата едноподруго позитивна препорака на Комисијата за почеток на пристапни преговори. Токму поради тоа, в среда се очекува амбасадорите да дадат само некакво мислење, а конечната одлука, односно заклучок ќе биде донесен на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ на министерско ниво на земјите-членки, што е само три дена пред Самитот на Европскиот совет.

eu

Би можело да ве интересира

Газпром предупреди: Европо, внимавај

Предраг Петровиќ28/11/2025 - 15:3628/11/2025 - 16:06

Европската Унија разгледува низа можни „одмазднички“ потези против Русија

Горан Наумовски28/11/2025 - 14:36

Пропадна првичниот план за Украина, ЕУ итно се обидува да смисли план „Б“

Горан Наумовски27/11/2025 - 21:03

Вајц: Уставните измени се услов за напредок на македонскиот европски пат

Горан Наумовски27/11/2025 - 15:43

(ВИДЕО) Филипче: Ако вака продолжиме ЕУ ќе не врати повторно на ниво на скрининг

Горан Наумовски26/11/2025 - 13:09

Гаши: Ниту едно билатерално прашање не смее да биде пречка за напредокот кон ЕУ

Горан Наумовски26/11/2025 - 11:3726/11/2025 - 11:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен