Добитници на Нобеловата награда за мир, меѓу кои и Дезмонд Туту од Јужна Африканска Република, испратија писмо до Фондацијата Алферд Нобел во знак на протест за доделувањето на овогодинешната награда на ЕУ.
– Јасно е дека ЕУ не е „поборник за мир“, каков што замислувал Алферд Нобел додека го пишувал своето наследство, се наведува во отвореното писмо, потпишано и од Мејрид Мегвајер, добитник на Нобелова награда во 1976 година и Адолфо Перез Ескивел добитник на наградата од 1980 година.
Во писмото се истакнува дека норвешкиот Комитет за доделување на Нобеловата награда ја редефинирал наградата на начин што не е во согласност со законот, како и дека треба да се почитуваат желбите на основачот.
Лауреатите повикаа паричната награда од 930.000 евра да не биде предадена на ЕУ. Доделувањето на Нобеловата награда ќе биде на 10 октомври во Осло.