Охрид својата туристичка понуда да ја нуди и регионално заедно со Солун, Белград и Пловдив

Од:

Туристичката понуда на Охрид и охридскиот регион беше презентирана на Саемот за ребрендирање на туристичките дестинации што викендот се одржа во Солун.

На саемот учествуваа агенции и организации од Југоисточна Европа, меѓу кои туристичките производи на Србија, Бугарија  и Турција.

Како што соопштија од Секторот за туризам и локален економски развој (ТЛЕР) при Општина Охрид, целта на настапот на саемот во Солун е во рамки на активностите за изработување заедничка понуда или заеднички производ, како комбинација од регионални дестинации што би била атрактивна за туристите од целиот свет. Ребрендирањето на сет од туристички центри кои сами по себе имаат уникатни атракции, пак би биле привлечни и би го задоволиле сечиј вкус, а со тоа би ја зголемиле атрактивноста на понудата.

Оценка на Секторот за ТЛЕР е дека регионалниот пристап во привлекувањето туристи и заедничко излегување на пазар е особено значаен оттаму што модерните туристички трендови укажуваат на големиот потенцијал на практикувањето активен туризам, што предвидува посета на што повеќе можни дестинации во рамки на покус временски термин.

Претставувањето на Охрид во Солун е дел од активностите во насока на регионален настап на Охрид што би се нудел како заедничка понуда во регионот заедно со градовите Белград, Пловдив и Солун.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ