СДСМ: Со Груевски нема напред! Македонија е неслободна земја!

Од:

„Македонија под власта на Никола Груевски стана неслободна земја. Во последниот извештај на Фридом хаус за слободата на печатот од 2016 година, Македонија забележа дополнителен пад на листата и од групата делумно слободни влезе во групата неслободни земји. Македонија во оваа група е единствена од земјите во соседството.

Како што стои во извештајот, тоа е бидејќи на виделина излегоа скандалозните информации за масовното и нелегално прислушување новинари од страна на владата, корупциските врски меѓу функционери и сопственици на медиуми, како и зголемените закани и напади врз медиумски работници.

Македонија под власта на Груевски падна и на листата на Репортери без граници каде од 34 место во 2013 година стигнавме до 118 место од вкупно 180 земји.

Груевски ги затвораше медиумите кои одбиваа да му бидат послушни, а ги корумпираше послушните медиуми и потоа кај нив порачуваше прилози и текстови.

Граѓаните на 11 декември имаат можност да го променат ова со својот глас. Доколку сакате слободни медиуми и слободна Македонија, изберете го Планот за живот во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски