А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Карл Билт со поддршка за преговори со Македонија

by А1он30/11/2012 - 08:4330/11/2012 - 11:27164
Share0

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт најави дека неговата земја ќе го поддржи барањето на Република Македонија за отворање на преговори за членство во Европската унија на претстојниот Европски совет.

Добивај вести на вибер

Билт, кој е во посета на Вашингтон, на прашањето дали Шведска го поддржува отворањето на преговорите, согласно препораката на Европската комисија, и без да се реши спорот за името со Грција, одговори со само еден единствен збор „да”.

Препораката на ЕК ја поддржуваат повеќе членки на Унијата, неодамна Австрија и Унгарија, меѓу другите, се изјаснија за отворање на преговори без да се чека на решение на спорот со Грција.

Министерот Билт, јавува дописникот на МИА од Вашингтон, зборуваше во Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон, каде заедно со поранешниот советник за национална безбедност Збигњев Бжежински дискутираа на тема дали Европа и САД можат да оформат реална глобална стратегија. Како поранешен меѓународен посредник за Балканот, учесник на Дејтонската мировна конференција и висок претставник за Босна, Билт даде свој коментар и на прашањето на српските новинари за Хашкиот трибунал да го ослободи командантот на ОВК и поранешниот премиер на Косово Рамуш Харадинај.

– Сум прочитал пресуди на Хашкиот трибунал за кои сметам дека се добро избалансирани, но и пресуди кои не ме убедија многу. За жителите на Србија, Босна, Хрватска, и сите други држави, ја познавам болката на минатото и знам дека многумина беа убиени. Но, на крајот на краиштата, болката од минатото не може да ги блокира можностите од иднината. Одете кон патот на реформите, по европскиот пат и со помирување кое доаѓа од соработката. Самото тоа што премиерите на Србија и на Косово седнаа да зборуваат еден со друг, што беше незамисливо дури и пред неколку месеци, е позитивен знак. Мислам дека треба да го затвориме поглавјето со трибуналите кои сега не враќаат во минатото. Да ги затвориме трибуналите и да ги оставиме на историчарите, изјави Билт.

eu

Би можело да ве интересира

ДУИ: ЕУ тврди дека Македонија станала отворен терен за руската пропаганда

Горан Наумовски10/07/2025 - 13:24

Кошта: Не ни е потребна Унгарија за да го продолжиме процесот на пристапување на Украина кон ЕУ

Горан Наумовски29/06/2025 - 21:5930/06/2025 - 08:22

Орбан: Пристапувањето на Украина во НАТО би довело до војна Европа и би запалило „буре барут“

Горан Наумовски28/06/2025 - 20:11

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ обезбеди македонскиот јазик и идентитет во ЕУ да бидат чисти, признати и без никакви додавки, тоа беа нашите црвени линии

Горан Наумовски28/06/2025 - 13:32

ЕУ ја критикува состојбата во Газа, но нема да го прекине трговскиот договор со Израел

Предраг Петровиќ27/06/2025 - 16:07

26 од 27 членки на ЕУ ги поддржуваат заклучоците за Украина

Горан Наумовски26/06/2025 - 21:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен