Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ја почнува дводневната посета на Србија, а владите на Унгарија и на Србија ќе одржат заедничка седница во Ниш.
– Премиерот на Србија, Александарт Вучиќ ќе биде домаќин во текот на дводневната официјална посета на претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан, се наведува во соопштението од кабинетот на Вучиќ.
За денеска е предвиден свечен дочек на нишкиот аеродром „Константин Велики“ на делегацијата предводена од Орбан, додека ќе има свечено потпишување на договори и прес-конференција на двајцата премиери.
Вучиќ и Орбан ќе учествуваат и на Бизнис форумот во организација на Стопанската комора на Србија. На Деловниот форум Србија – Унгарија ќе учестуваат 170 компании од двете држави.