Куманово со тужба за Македонската кошаркарска федерација поради загубените спонзори

Од:

Екипата на Куманово одлучи да тргне по судски пат и поднесе тужба кон Македонската кошаркарска федерација (МКФ) поради доцнењето со стартот на првенството. Според образложението на кумановчани, тие загубиле големи спонзорски имиња поради одложувањето на стартот на новата сезона.

Соопштението од КК Куманово ви го пренесуваме во целост:

Клучна определба на КК Куманово е да игра кошарка и тоа што поскоро. Како знак на наша добра волја, уплативме котизација во износ од 5.000 евра,како и лиценца за странски играчи во износ од 1.250 евра. Поради сето оваа, прифаќаме да отпочнеме да играме кошарка веднаш, а во интерес на спортот меѓусебните должничко-доверителски односи ги решаваме тековно, заклучно до престојното изборно Собрание на МКФ.

Поради ненавремено одпочнување на лигата, исклучиво по вина на раководството на МКФ, КК Куманово претрпе и сеуште трпи огромни финансиски штети по основ губење на два клучни финансиски спонзора, како и казнени пенали за нереализирани маркетинг обврски кон редовните спонзори.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ