Општина Ѓорче Петров и бугарската општина Разлог работат на заеднички проект „Учење преку работа” (Learning by doing) преку програмата на Европската унија „Еразмус“.
За таа цел денеска во просториите на Општина Ѓорче Петров се одржа прва средба на градоначалникот Сокол Митровски и заменик градоначалникот на Разлог, Иван Ѓуров, заедно со директорите на ООУ „Мирче Ацев” од Скопје и ООУ „Свети Пасии Хилендарски” од Бугарија.
– Општина Ѓорче Петров и претставниците од општина Разлог ќе бидат одговорни за подготовка на Стратегија за партнерство меѓу општините Ѓорче Петров од Македонија и Разлог од Бугарија за развој на основното и средното образование. Градоначалниците се договорија со заеднички компатибилни проекти да настапат и пред европските фондови, соопшти Општина Ѓорче Петров.