Макаби го совлада Уникс Казан

Од:

Екипата на Макаби Тел Авив славеше победа во дуелот со Уникс, во воведниот натпревар од 8.коло на Евролигата.

На средбата одиграна попладнево во Казан, израелскиот шампион до четвртиот триумф сезонава стигна со минималната победа од 73-74.

Вечерва се играат уште три натпревари од ова коло. Во Истанбул се игра големото турско дерби меѓу Фенербахче и Анадолу Ефес, додека во Црвена ѕвезда е домаќин на Армани Милано, а Басконија ќе го пречека германскиот шампион Бамберг.

Останатите четири натпревари ќе се играат утре, а двојките се: ЦСКА Москва – Жалгирис , Галатасарај – Дарушафака, Панатинаикос – Олимпијакос и Барселона – Реал Мадрид.

Табела: ЦСКА Москва 6-1 (победи-порази), Реал Мадрид 5-2, Дарушафака 5-2, Макаби 4-4, Басконија 4-3, Панатинаикос 4-3, Барселона 4-3, Армани Милано 4-3, Фенербахче 4-3, Олимпијакос 4-3, Уникс Казан 3-5, Црвена Звезда 3-4, Анадолу Ефес 3-4, Бамберг 2-5, Жалгирис 1-5, Галатасарај 1-5.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос