НДМ: Падна митот за т.н. големи партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кога се уплашија од НДМ на изборите

Од:

Државните институции продолжуваат со нечесните и перфидни игри со листите на НДМ со цел, по секоја цена НДМ да се тргне од изборите на 11 декември.

Најпрво ДИК ги отфрли сите седум листи на НДМ од причини кои се незаконски, а дополнително и Управниот суд по тужбата на НДМ одбра да суди не според законот туку според политиката и политичките сценарија.

Пресудите на Управниот суд се засноваат на фактот дека сме извршиле промена на кандидати во Листите за пратеници.

Точно е дека е извршена промена во Листите, но, судот пропуштил од вид дека промените се извршени согласно Изборниот законик.

Имено, НДМ ги поднесе Листите на 11.11.2016 во 23:50, а во тој момент Листите ги поднесе и ВМРО-ДПМНЕ кога се дозна дека носител во „четворката„ ќе биде Никола Груевски, заради што, направивме промена и нашиот претседател Јанко Бачев од „тројката„ е променет во „четворката за да оди по Груевски и Заев, како и уште неколку промени на кандидати на НДМ од една во друга изборна единица.

Ова е направено навремено по добивањето на Известувањето на ДИК на 13.11.2016 за отстранување на неправилности во рок до 48 часа.

Меѓутоа, Управниот суд зазема становиште дека промената на кандидатите на Листите на НДМ е незаконска бидејќи ДИК не го барало тоа од нас.

Ова е тешка законска повреда од страна на судот, бидејќи, во член 65 став 6 од Изборниот законик на јасен и разбирлив начин е кажано дека РЕДОСЛЕДОТ на кандидатите во Листата на кандидати го утврдува ПОДНОСИТЕЛОТ на листата, што значи дека ДИК нема никакво законско овластување за редоследот на кандидатите.

Како и да е, ако е некаква утеха за НДМ одлуките на судот не ги проблематизираат потписите на кандидатите на НДМ, а со наменското отстранување на НДМ од изборите падна митот за т.н. големи партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои се уплашија од НДМ на изборите. Во секое зло, добро!

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска