Екипите на Кливленд и на ЛА Клиперс ноќеска забележаа порази на дуелите од НБА лигата. Овие две екипи по вторпат загубија во новата сезона и сега имаат ист број на порази со Атланта и Голден Стејт.
Шампионот Кливленд е поразен на гостувањето кај Индијана, а за првакот не играше Леброн Џејмс.
ЛА Клиперс загуби дома од Мемфис, откако противникот во вториот период беше подобар со 35:18 и создаде недостижна предност.
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Филаделфија – Вашингтон 109:102,
Орландо – Њу Орлеанс 89:82,
Индијана – Кливленд 103:93,
Бостон – Далас 90:83,
Њујорк – Детроит 105:102,
Атланта – Милвоки 107:100,
Оклахома Сити – Хјустон 105:103,
Торонто – Голден Стејт 121:127,
Денвер – Феникс 120:104,
ЛА КЛиперс – Мемфис 107:110,
Сакраменто – Сан Антонио 105:110.
Пласман Источна конференција: Атланта 9-2 (победи-порази), Кливленд 9-2, Шарлот 7-3, Торнто 7-4, Чикаго 7-4, Бостон 6-5, Детроит 6-6, Милвоки 5-5,…
Пласман Западна конференција: ЛА Клиперс 10-2, Голден Стејт 9-2, Сан Антонио 9-3, Портланд 7-5, Оклахома Сити 7-5, Јута 7-5, ЛА Лејкерс 7-5, Мемфис 6-5,…