Владата на Мексико соопшти денеска дека има намера да започне програма со кој мигрантите од мексиканско потекло во САД ќе се заштитат од било каква злоупотреба, бидејќи новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за време на предизборната кампања „вети“ дека ќе депортира милиони луѓе.
Мексиканското Министерство за надворешни работи наведе 11 дејствија кои би требало да ги преземат мексиканската амбасада и 50-те конзулати во САД, со цел мексиканските мигранти да се заштитат од „било каква злоупотреба“.
– Еден од чекорите е да се повика заедницата да избегнува било каква конфликтна ситуација и да не презема ништо што би можело да предизвика кривични санкции, се наведува во соопштението на Министерството.
За време на предизборната кампања, Трамп изјави дека околу три милиони мигранти, кои имаат криминално досие, ќе бидат депортирани или затворени.