Земан и телефонирал на Ивана Трамп и и се заблагодарил за храброста да се понуди како амбасадор

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан и се јавил на Ивана Трамп, поранешната сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп и и се заблагодарил за нејзината храброст да покаже интерес да стане амбасадор на САД во Република Чешка, информираше неговиот портпарол Јиржи Овчачек. 

– Тоа многу ме израдува. Подобра амбасадорка, САД не би можела да испрати во Прага, и напишал Земан на Трамп, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.

Според експертите, поранешната чехословачка спортистка, која емигрирала во САД, има големи шанси навистина да стане американска амбасадорка во нејзината татковина.

– Потекнувам од таму, чешкиот е мој мајчин јазик. Позната сум во светот, не само во Америка, изјави пред неколку дена Ивана Трамп, која со новиот американски претседател има три деца.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија