ЕК предлага дополнителни гранични проверки за странци кои патуваат во ЕУ без визи

Од:

Европската комисија денеска предложи воведување дополнителен систем за гранична контрола над странци кои имаат право да патуваат во Унијата без визи, јави БТА.

Предлогот предвидува лицата на кои не им се потребни Шенген виза за влез во ЕУ, претходно да го најават своето патувањето преку сајт или преку електронска апликација.

Пополнувањето на формуларот ќе трае десетина минути, а одобрението за патување ќе се дава речиси веднаш.

Одобрението ќе важи пет години и ќе чини пет евра.

Проверката на патниците ќе се извршува од автоматски систем. Последен збор сепак ќе има пограничната контрола на границата, која ќе може да одлучи дали ќе одобри или не влез во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он