Конференција „Инспирирај за компјутерска иднина“

Од:

Во Скопје денеска се одржа конференција на тема „Инспирирај за компјутерска иднина“, која се спроведува во рамки на проектот „Девојки во технологија: Намалување на родовиот јаз во техничките професии“.

На отворањето на конференцијата се обрати градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој рече дека целта е Скопје да стане родово еднаков град и оти се трудат оваа цел да ја реализираат преку исполнување на обврските превземени со усвојувањето на стратегиите за родова еднаквост на градот.

– Но, со задоволство поддржуваме и проекти како овој во кои учествуваат и младите и имаат за цел да ја зголемат свеста за одредени општествени појави кај сите нас. Информираноста и едукацијата за родовите прашања е особено важна за средношколската популација, од која очекуваме многу појасно и похрабро да ги согледа работите и да биде иницијатор на идните промени, истакна Трајановски.

Беше презентирана и анализата „Средношколците и природните науки: Анализа на ставовите и перцепциите од родов аспект“ од страна на Ана Мицковска – Ралева од Центарот за истражување и креирање политики.

– Она што го знаеме веќе подолго време е дека во професиите постои родова сеграгација, што значи дека постојат „типични машки професии“, најчесто од областа на технологијата и слично, и „типично женски професии“, коишто повеќе се поврзуваат со областите на грижа, образование и слично, посочи Мицковска – Ралева.

Според неа, ваквата поделба предизвикува нееднаквост на пазарот на труд бидејќи професиите коишто се поврзани со техниката и технологијата се подобро платени, додека професиите коишто повеќе ги извршуваат жени се помалку платени. – Со самото ова мажите и жените имаат нееднакви приходи и нееднакво се вреднува нивниот труд, рече Мицковска – Ралева.

Проектот „Девојки во технологија: Намалување на родовиот јаз во техничките професии“ го реализира Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) со поддршка на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето