Реконструкција на основното училите во село Богородица

Од:

Во подрачното основно училиште во село Богородица денеска почнаа работите за реконструкција на санитарните јазли и замена на старата столарија со нова, енергетски поефикасна.

На почетокот на изведбените работи присуствуваше и гевгелискиот градоначалник Иван Франгов кој изрази задоволство поради фактот што, како што рече, ова претставува најдобра потврда дека во општина Гевгелија, покрај во централните, континуирано продолжуваат работите за подобрување на образовните услови и во подрачните училишта.

По завршетокот на работите во Богородица, реконструкција на санитарните јазли и замена на столарија ќе биде направена и во подрачното основно училиште во Мрзенци. Реализацијата на овие зафати ќе чини 1,7 милиони денари кои ООУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија ги заштедило од доделени блок дотации.

Во овие две училишта наставата ја следат вкупно 60 ученици од кои 45 во Богородица и 15 во училиштето во Мрзенци.

Би можело да ве интересира

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on